
VAURON HAP001 e од нашата прва генерација прочистувачи, еден од првите прочистувачи кои беа достапни на мекедонскиот пазар со интегриран сензор за ПM2.5. Поради големата побарувачка овој прочистувач се распродаде многу брзо. Базирајќи на повратнате информации од нашите задоволни клиенти, го креиравме HAP002, кој сега е достапен на пазарот.

- мониторирање на квалитетот на воздухот, прикажано на 5 инчен екран на допир;
- интелегентен софтвер и лесен за употреба интерфејс;
- повеќеслоен филтер со HEPA-компонента од класа H13 произведена во Германија.
- задржана елеганција и циркулација на воздух од 360 степени.

Овозможува прочистување на воздухот во затворени простории со квадратура од 35 до 100m2 , со проток на чист воздух (CADR) од 500m3/h и работа со низок шум.
Содржи 0% тврда пластика и е комбинација од: пред-филтер кој ги фаќа големите честици; H13 HEPA“ ФИЛТЕР кој ги заробува штетните суспендирани честици (ПM) честички од воздухот (според DIN EN1822 заробува >99.95% од 0,1 до 0,3 オm), бактерии, прав, мувла и друго; и заменлив филтер со активен јаглен кој апсорбира дим, миризба и штетни гасови. Сите компоненти се произведени во Германија.
Симултано го мерат нивото на: ПM1, ПM2.5, ПM10, непостојани хемикалии, јаглероден диоксид, температура и влажност, така што овозможуваат прецизна информација за квалитетот на воздухот во просторијата.
Развиени за да го регулирааат квалитетот на воздухот, за да креираат историјат од овие вредности, и да овозможат контрола на внатрешниот воздух преку екранот на допир.
Овозможува моментален и детален графички приказ на квалитетот на воздухот, искористеност на филтерот и ви овозможува подесување на: тајмерот, распоредот, приказот, автоматскиот режим.


The VAURON 360 Degree Air Flow Tower Design insures air delivery rates and low noise operation not accomplished by any other air purifier construction method. This, among other things, is due to the air inlet, air outlet as well as the big surface area of the HEPA Filter.

VAURON HAP002 со „HEPA“ филтер од класа „H13“ постигнува исклучителна вредност за протокот на воздух, која изнесува 500m3/h. Во зависност од претпочитаната вредност за измена на воздухот во еден час и нивото на бучност, VAURON HAP002 се употребува во простории од 35m2 (со 6 измени на воздух на час) до 100m2 (со 2 измени на воздух на час).
Вообичаената препорака за вредноста на измена на воздухот во еден час е 4 пати, што би значело дека HAP002 постигнува најоптимални услови во простории од 50m2.

VAURON HAP002 e интелегентен прочистувач на воздух, кој не само што го мониторира туку и го контролира и прочистува воздухот.
HAP002 обединува во едно: монитор за квалитет на воздух, паметен уред со сопствен софтвер и прочистувач на воздух.
Параметрите за квалитет на воздух како што се: ПM1, ПM2.5, ПM10, непостојани хемикалии, јаглероден диоксид, температура и влажност се претставени во детални графикони кои се покажани на 5 инчниот екран со висока резолуција. Екранот на допир ви овозможува да ја контролирате работата на прочистувачот дефинирајќи ја брзината на прочистување или дефинирајќи го автоматскиот режим. Исто така ви дава информација за искористеноста на филтерот, тајмер, распоред, подесување на приказот итн. Софтверското решение ја креира и прикажува во графикон историјата на квалитетот на воздухот во просторијата.

Кога ВАУРОН ХАП002 е поврзан на вашата WI-FI мрежа ќе може да се апдејтува како би можел да се имплементира последниот FIRMWARE & SOFTWARE кој овозможува соодветен режим на перката и други подобрени работи.

Материјалите од кои е изработен ПОВЕЌЕСЛОЈНИОТ „H13 HEPA“ ФИЛТЕР се направени во Германија. Германските компании кои ги изработуваат компонентите за филтерот гарантираат безкомпромисен квалитет за секој нивни продукт, кој e интензивно тестиран за да ги задоволи DIN-стандардите и актуелните директиви за околината.
VAURON го тестира протокот на воздух (CADR) користејќи го германскиот „TESTO“ инструмент а ефикасноста на HEPA филтерот со високопрецизен бројач за ПМ честички. Ние во VAURON ја тестираме ефикасноста на секој прочистувач пред да го испорачаме на нашите клиенти. А моменталните вредности за колчевство на ПМ честици (ПМ1, ПМ2.5 и ПМ10) кои се прикажани на екранот ја докажуваат ефикасноста на секој VAURON прочистувач на воздух.

VAURON прочистувачите на воздух имаат 2 години гаранција. Бидејќи секој резервен дел секогаш го имаме на лагер, сме во можност на нашите клиенти да им обезбедиме поправка во рок од 5 дена (важи само за Македонија).

надгради го својот HAP001 до статус на HAP002
VAURON HAP 001 U1
(ТЦ Беверли Хилс/ Високо приземје, Скопје)
- нов сензор за квалитет на воздух;
- нов 5 инчен дисплеј на допир;
- нов мотор;
- нов трансформатор & контролер;
- нов кабел за напојување;
- гратис МХФ 003 филтер за воздух;
VAURON MHF 002
ПОВЕЌЕСЛОЕН „H13 HEPA“ ФИЛТЕР

DHF 002
ДВОСЛОЕН „H13 HEPA“ ФИЛТЕР

ACF 002
ФИЛТЕР СО AKТИВЕН ЈАГЛЕН
