Зошто ВАУРОН?
ВАУРОН ХАП002 ви го покажува квалитетот на воздухот кој го дишете

Нa пазарот постојат многу прочистувачи за воздух но малку од нив ќе покажат колку е загаден воздухот. Па како ќе знаете дали треба да ги вклучите? Ваурон прочистувачите на воздух имаат сензори кои Ви го прикажуваат квалитетот на воздухот и потребниот режим на работа

ВАУРОН користи ХЕПА (Х13) филтри со голема густина

Овие филтери заробуваат 99,97% од честиците со дијаметар еднаков на 0,3μm а неговата ефикасност е поголема за честици со дијаметар поголем и помал од 0,3μm

Голем проток на воздух низ ХЕПА Х13 филтри

Комбинација од голем проток на воздух и филтри со повисока густина овозможува темелно прочистување

Процесот на прочистување е само механички

ВАУРОН не користи јонизатори. Ова значи дека во Ваурон прочистувачите нема апарат кој генерира негативни јони ниту било каква друга елоктростатска филтрација (што всушност е друго име за јонизатор) за да ја подобри ефикасноста на недоволно ефикасни филтри

Филтри направени во Европа

филтерите во Ваурон прочистувачите на воздух се Еко-пријателски и направени во Европа

Корисничка поддршка

ВАУРОН има свој сервис и затоа може да понуди поправка или замена за нов во рок од 5 дена (во Македонија)

Безвременски дизајн

Безвременски дизајн кој се вклопува во секој ентериер

Ниска бучава

Ниска бучава благодарение на формата

ВАУРОН и КОВИД-19

Ваурон користи ХЕПА филтри со голема густина.

Овие филтери заробуваат 99,97% од честиците со  дијаметар еднаков на 0,3μm а (експериментално докажано е дека честиците од 0,3μm се најтешки за заробување, затоа и со нив се мери класата на филтерот) неговата ефикасност е поголема за честици со дијаметар поголем и помал од 0,3μm.

Корона вирусот (SARS-CoV-2) е со просечна големина од 0,125μm1 а респираторните капки се со големина од 5-10μm.2

Според СЗО најчеста трансмисија на Ковид-19 е преку  респираторни капки и контаминирани површини.3

Но некои неодамнешни студии укажуваат на трансмисија преку воздухот.4

Дополнително, според други студии стапката на морталитет од Ковид-19 е повисока во местата со голема загаденост на воздухот.5

Вaурон прочистувачите за воздух го чистат воздухот од коронавирусот. Но само прочистување на воздухот, без почитување на останатите мерки, не може да ве заштити истиот.

За заштита на здравствените работници и намалување и елиминирање на можноста за воздушна  трансмисија на КОВИД-19 во Клиниката За Инфективни Болести и Фебрилни Состојби во Скопје поставени се ВАУРОН ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ.

Клиенти