РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Големината на честиците е директно поврзана со нивниот потенцијал за предизвикување на здравствен
проблем. Честиците со дијаметар помал од 10 микрометри претставуваат најголем проблем за вашето
здравје, бидејќи можат да навлезат длабоко во белите дробови а некои и во крвотокот.
ПМ е сума од сите суспендирани цврсти или течни честици во воздухот. Тие се разликуваат по нивната
големина.ПМ 10 (µm/m3) e сума од честици кои можат да бидат вдишани а се со дијаметар помал или еднаков од 10 микрометри.
воздухот во европските градови се претстави на едноставен и споредлив начин, сите детални мерки се
трансформирани во една мерка: Индекс за Квалитет на воздухот или Општ Индекс за Квалитет на воздухот.
Тој базира на 3 главни загадувачки материи: ПМ10, NO2 и O3, а би можел да се надополни со 3 други
(CO,ПМ2.5 и SO2), доколку има детални информации.
Вредностите се актуализираат часовно (за оние градови за кои постои часовна информација) а се
претставени и индексите од минатите денови.
Кoлку е поголема вредноста на AQI, толку е поголемо и загадувањето и толку е поголемо влијанието врз
здравјето…
заробување на суспендирани честички) е изум на USA Atomic Energy Commission за време на проектот
„Manhattan“ (Втора светска војна) кога се увидело дека е потребен систем за прочистување на воздухот од
радиоактивни честици. ХЕПА филтерот е направен од стаклени влакна со случаен ред кои формираат
ткаенина. Овие ткаенини се обработуваат во дипли за да се максимизира допирната површина. Кога воздухот
поминува низ ХЕПА филтерот, честиците остануваат заробени во стаклените влакна и така се отстранети од
воздухот. До денес ова е докажано најефикасен начин за да се прочисти воздухот во затворени простории и
како таков овој начин се употребува во болници низ светот.
од различни земји да најдат решение за овој проблем, создава тешкотија за потрошувачите и
производителите да ги разберат и применат различните регулативи. Ќе се обидеме да ја објасниме оваа
проблематика и начинот по кој ние ги развиваме и дефинираме нашите филтри.
Европската Унија пак, го воведе EN 1822 стандардот, кој ги класифицира филтрите во 3 категории: EPA(Efficiency Particulate Air/arresting – ефикасно заробување на суспендирани честици) со опсег на ефикасност поголем од 85 до поголем од 99,5%; HEPA (High Efficiency Particulate Air/arresting-високоефикасно заробување на суспендирани честички) со опсег на ефикасност поголем од 99,95 до поголем од 99,995%; ULPA (Ultra Low Particulate Air- ултра ниско ниво со суспендирани честици) со опсег на ефикасност поголем од 99,9995%. За определување на класата се користи методот на „честици со најголема пенетрантност“ со големина еднаква или помала од 0,3 микрони.
Ефикасноста на ХЕПА филтерите се мери според големината на честици од 0.3 микрони бидејќи научно
докажано е дека овие честици најтешко се заробуваат со ХЕПА филтерите, што се објаснува преку четирите
начини на заробување на честици во стаклена волна. Потребно да се знае е дека со ХЕПА филтерот,
спротивно од логично размислување, не само честици поголеми од 0,3 микрони туку и честици помали од 0,3
микрони се полесни за заробување. Ова е многу важно бидејќи 90% од суспендираните честици во воздухот
се помали од 0,1 микрони.
ВАУРОН во своите повеќеслојни ХЕПА филтри користи Н13 класа на ХЕПА. Оваа густина на ХЕПА филтерот во
комбинација со Протокот на Воздух од повеќе од 500m3/h гарантира дека и со помалку измени на воздух а
за пократко време добивате чист воздух.
Комбинацијата од пред-филтер, ХЕПА филтер и активен јаглен е докажано најдобриот начин за конструирање
на повеќеслоен филтер за прочистување на воздухот.
на статичкото привлекување, се привлекуваат со наелектризираните честици (jони). Овие јони се
дејонизираат на површините како ѕидови, плафони и мебел. Загадувачите на воздухот не се перманентно
отстранети од воздухот, како што е случај со ХЕПА филтрите, туку само ја изгубиле „способноста“ да
летаат во воздухот во затворениот простор. Ефектот на „црн ѕид“ е вообичаен при овој процес а е исто
така е и доказ дека овој начин на филтрација на воздухот е со ограничен опсег, т.е. не може да го
прочисти воздухот во една стандардна просторија.
фатиле како што е вашиот респираторен систем, закачувајќи и напластувајќи се на неговите ѕидови“
Јонизаторите продуцираат озон. Повеќето од нив продуцират количина на озон која според американската
агенција за заштита на околината „ЕРА“ е помала од дозволената и смеат своите продукти да ги наречат
„без озон“, иако тоа не е факт.
„Дури и најдобрите јонизатори продуцираат мало количевство на озон- О3-кое е непожелно“.
количество озон кое додадено на озонот кој и онака е во домот сигурно нема добро да му влијае?“
____________________
прочистувачи не вградува јонизатори.
организации.
____________________
влошување на состојбата на оние со белодробно заболување. Озонот е особено опасен за луѓе со астма или
друго хронично белодробно заболување, деца и постари лица…“
Дознајте повеќе на следниот линк!
____________________
количини можат да предизвикаат болка во градите, кашлање, краток здив и иритации на грлото. Озонот исто
така може да ги влоши хроничните респираторни болести како астмата и да ја компромитира можноста на
организмот да се бори против респираторни инфекции. Произведувачите и продавачите на производи со
озонери често користат збунувачки термини за да го опишат озонот. Термините како „енергизирачки
кислород“ или „без примеси/чист воздух“ наведува на тоа дека озонот е здрав кислород. Озонот е токсичен
гас со многу различни хемиски и токсични својства од кислородот. Некои агенции од Соединетите
Американски Држави имаат воспоставени стандарди или препораки за да се ограничи изложеноста на човекот
на озон…“
____________________
озон, со изјава дека студиите покажале дека тие можат да ги влошат состојбите на астма што пак
продавачите велат дека помагаат да ги спречат…“
честици). Ефикасноста на прочистувањето со вода е неспоредлива со ефикасноста на прочистувањето со
ХЕПА/ активен јаглен. Друг проблем е што водата во домот може да воведе уште една опасност а тоа е
мувлата. Мувлата може да се создаде во самиот прочистувач или во вашата просторијата бидејќи
прочистувачите базирани на вода придонесуваат кон поголем степен на влажност.
– поголем ADR=повеќе воздух ќе мине низ прочистувачот во 1 час.
– помал ADR=помалку воздух ќе мине низ прочистувачот во 1 час.
-Ако ХЕПА филтерот е од пониска класа, повеќе воздух ќе помине низ него, но помалку суспендирани
честици ќе бидат заробени.
-Ако ХЕПА филтерот е од повисока класа, помалку воздух ќе мине низ него, но повеќе суспендирани честици
ќе бидат заробени.
-Ако површината на ХЕПА филтерот е помала, помалку воздух ќе мине низ него.
-Ако површината на ХЕПА филтерот е поголема, помалку воздух ќе мине низ него.
воздухот во просторијата во еден час. Оваа информација е многу значајна за купувачот, но во исто време
може и погрешно да го насочи. Не постојат глобални или локални регулации колку пати треба да се измени
воздухот во еден час за да се оствари ефикасно прочистување во затворен простор. Затоа производителите
за пресметување на максималната површина кој апрочистувачот ја опслужува користат од 2 до 6 измени на
час. За да подобро ја разберете важноста на релацијата меѓу „Измените на воздух во еден час“ (ACH) и
површината на просторијата, Ве молиме разгледајте го едноставниот математички метод прикажан подолу.
____________________
АCH=2; 150m3/h / 2 (ACH)=75m3 /2.5 (висина на просторија)=30m2 (предложена површина на просторија)
АCH=4; 150m3/h / 4 (ACH)=37.5m3 /2.5 (висина на просторија)=15m2 (предложена површина на просторија)
АCH=6; 150m3/h / 6 (ACH)=25m3 /2.5 (висина на просторија)=10m2 (предложена површина на просторија)ПРИМЕР 2: ПРОЧИСТУВАЧ СО ADR ОД 300m3/h
АCH=2; 300m3/h / 2 (ACH)=150m3 /2.5 (висина на просторија)=75m2 (предложена површина на просторија)
АCH=4; 300m3/h / 4 (ACH)=75m3 /2.5 (висина на просторија)=30m2 (предложена површина на просторија)
АCH=6; 300m3/h / 6 (ACH)=50m3 /2.5 (висина на просторија)=20m2 (предложена површина на просторија)ПРИМЕР 3: ПРОЧИСТУВАЧ СО ADR ОД 450m3/h
АCH=2; 450m3/h / 2 (ACH)=225m3 /2.5 (висина на просторија)=90m2 (предложена површина на просторија)
АCH=4; 450m3/h / 4 (ACH)=112.5m3 /2.5 (висина на просторија)=45m2 (предложена површина на просторија)
АCH=6; 450m3/h / 6 (ACH)=75m3 /2.5 (висина на просторија)=30m2 (предложена површина на просторија)
со моќност од 150m3/h да наведе дека е соодветен за просторија од 30m2.
Пресметувајќи со 4 измени на воздух на час произведувачот на прочистувачи може за неговиот прочистувач
со моќност од 300m3/h да наведе дека е соодветен за просторија од 30m2.
Пресметувајќи со 6 измени на воздух на час произведувачот на прочистувачи може за неговиот прочистувач
со моќност од 450m3/h да наведе дека е соодветен за просторија од 30m2.
Како што е прикажано погоре, не секогаш купувачот може да се потпре на предложената површина на просторија која може да ја опслужува прочистувачот, туку треба самите да ја пресметаат. Ако вашата просторија е 30m2 а висината е 2.5m, значи волуменот изнесува 75m3. Ако сакате да имате 4 измени на воздух во час, тогаш одберете прочистувач со најмалку ADR od 300m3/h (30m2 x 2.5m=75m3 x 4ACH=300m3/h).
____________________
Ве молиме имајте на ум дека прочистувач на воздух со моќност од 300m3/h ќе мора да работи во најголема
брзина, а со тоа да е и најгласен, за да обезбеди соодветно прочистување на соба од 30m2. Поради
дизајнот на движењето на воздухот кај сите прочистувачи на пазарот, загадувањето со бука, кое
произлегува од најголемата брзина на перката, не е соодветно за подолготрајна употреба. Нашата
препорака е да се купи прочистувач на воздух со поголем проток на воздух отколку математички потребниот
и можност за 4 измени на воздух во еден час со пониска брзина на перката.
____________________
Загадувањето на воздухот во затворени простории драстично варира во зависност од активностите во нив и
условите на надворешната средина. Ова значи дека често поставуваното прашање од загрижени купувачи:
„колку прочистувачи ми требаат за мојот стан од 90m2?“ не може да се одговори базирајќи на проста
математичка калкулација. Одговорот секогаш базира на индивидуалниот пристап со испробување и грешење,
кој со тек на време ќе покаже колку прочистувачи ви требаат за да обезбедите ефикасно прочистување со
мала бука во периоди на просечно загадување и периоди со високо загадување.
на воздухот по препораките на WHO (World Health Organization- Светска Здравствена Организација) кои
базираат на вредностите за ПМ2.5 и ПМ10 во воздухот. Моменталната повратна информација од прочистувачот
на воздух го конфронтира секого со неизбежноста на проблемот со квалитетот на воздухот во затворени
простории, помагајќи му секому да разбере дека иако не можеме да ја видиме, мириснеме или вкусиме
загаденоста на воздухот постои околу нас и тоа во големо количество.ВАУРОН прочистувачите на воздух имаат вградени сензори за ПМ1, ПМ2.5 и ПМ10 кои се прикажуваат на ЛЦД
екранот на допир на горната страна од прочистувачот, овозможувајќи Ви самите да одберете која вредност
на ПМ е соодветна за вас.ВАУРОН прочистувачите на воздух имаат вградени сензори за ПМ1, ПМ2.5 и ПМ10 кои се прикажуваат на ЛЦД
екранот на допир на горната страна од прочистувачот, овозможувајќи Ви самите да одберете која вредност
на ПМ е соодветна за вас.